YouVersion Logo
Search Icon

1 Самоилова 29

29
Филистејците го протеруваат Давид
1 # 4,1-2 Филистејците ги собраа сите свои доброволни чети во Афек, а Израелците поставија логор кај изво­рот што е во Јизреел. 2#28,1-2Кнезовите филистејски врвеа со стотици и илјади, а Давид и луѓето не­гови одеа зад нив со Анхус. 3#27,6-7И говореа кнезовите филистејски: „Какви се тие Евреи?“ Анхус им одговараше на кнезовите филистејски: „Зар не знаете дека е тоа Давид, слугата на Саул, царот израелски? Тој е кај мене повеќе од една година, и јас не најдов кај него ништо лошо, откако е дојден до денес.“ 4#14,21; 1 Лет 12,20И почнаа да негодуваат против него кнезовите филистејски и му рекоа: „Испрати го тој човек; нека си оди на местото што си му го определил за да не оди со нас во војна и да не стане наш противник во војната. Со што може да го смилостиви господарот свој, ако не со главите на овие наши луѓе? 5#18,7; 21,12Нели е тоа оној Давид, на кого му пееја хоровите, велејќи: ‚Саул порази илјади, а Давид – десетици илјади?‘“ 6И Анхус го повика Давид и му рече: „Ти се колнам во Господ! Ти си чесен, и на очите мои би им било мило да одиш и да се враќаш со мене при моите војувања; зашто јас не сум забележал во тебе ништо лошо, откако си дојден кај мене сѐ до денес; но во очите на кнезовите ти не си добар. 7Затоа, врати се сега, оди си со мир и не ги дразни кнезовите филистејски.“ 8Но Давид му рече на Анхус: „Што сум направил и што си нашол кај твојот слуга, откако сум пред лицето твое и до денес? Зошто да не одам и да не војувам против непријателите на мојот господар, царот?“ 9#2 Сам 14,17.20; 19,28Анхус му одговори на Давид: „Биди уверен дека во очите мои ти си добар како ангел Божји; но кнезовите филистејски рекоа: ‚Нека не доаѓа со нас во војна.‘ 10Затоа стани утре рано, ти и слугите на господарот твој што дошле со тебе; станете утре рано и штом ќе се раздени, одете.“ 11#29,1И Давид стана, тој и луѓето негови за да тргнат рано изутрината и да се вратат во земјата филистејска. А Фи­листејците отидоа да војуваат во Јиз­реел.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in