1
Римјаните 3:23-24
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
зашто сите згрешија и никој не успеа да ги достигне Божјите возвишени стандарди. Но поради Својата милостива благонаклоност, Бог не прогласува за праведни. Оправданието ни е подарено преку откупот што за нашите гревови го плати Исус Христос.
Compare
Explore Римјаните 3:23-24
2
Римјаните 3:22
пред Бог можеме да се здобиеме со праведност само преку вера во Исус Христос. Тоа важи за секој што верува, бидејќи меѓу луѓето нема никаква разлика
Explore Римјаните 3:22
3
Римјаните 3:25-26
Него Бог јавно Го испрати да биде помирителна жртва за оние што со вера го прифаќаат тоа. Бог ни покажа дека беше праведен во минатото кога трпеливо преминуваше преку гревовите на луѓето за потоа да ги наплати преку жртвуваната крв на Исус Христос. Бог ни покажува дека е праведен и сега кога го оправдува секој што верува во Исус. Така Неговата праведност никогаш не е доведена во прашање.
Explore Римјаните 3:25-26
4
Римјаните 3:20
Со придржување кон Законот никој не може да се здобие со праведност во Божјите очи. Преку Законот само стануваме свесни за нашата грешност.
Explore Римјаните 3:20
5
Римјаните 3:10-12
Како што е напишано во Светото Писмо: “Нема ниту еден праведен човек, ниту еден единствен; ниту еден што разбира, ниту еден што Го бара Бога. Сите скршнаа од правиот пат, сите се израсипаа. Нема ниту еден единствен човек што прави добро.“
Explore Римјаните 3:10-12
6
Римјаните 3:28
Ние согледуваме дека човек се оправдува пред Бог преку верата, а не преку придржување кон уредбите во Законот.
Explore Римјаните 3:28
7
Римјаните 3:4
Секако не! Дури и сите луѓе да испаднат лажливци, на Бог може да Му се верува, како што стои запишано во Светото Писмо: „Ќе се покаже дека вистината ја зборуваш, пред судот победа ќе извојуваш.“
Explore Римјаните 3:4
Home
Bible
Plans
Videos