1
1 Коринтјаните 13:4-5
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
Да имаш љубов, значи: да имаш голема стрпливост и да бидеш љубезен. Да не си завидлив, да не се фалиш, да не се вообразуваш. Да не бидеш груб, да не бидеш себичен, да не бидеш избувлив, да не паметиш зло.
Compare
Explore 1 Коринтјаните 13:4-5
2
1 Коринтјаните 13:7
Секогаш да имаш разбирање за другите, секогаш да веруваш, секогаш да се надеваш и се да поднесуваш.
Explore 1 Коринтјаните 13:7
3
1 Коринтјаните 13:6
Да не се радуваш на ниедна неправда, а да се радуваш на вистината.
Explore 1 Коринтјаните 13:6
4
1 Коринтјаните 13:13
Има три работи што ќе опстојат: верата, надежта и љубовта; а од сите нив, најголема е љубовта.
Explore 1 Коринтјаните 13:13
5
1 Коринтјаните 13:8
Љубовта е вечна, а пророкувањата ќе престанат, зборувањето на непознати јазици ќе молкне, сегашното знаење ќе се надмине.
Explore 1 Коринтјаните 13:8
6
1 Коринтјаните 13:1
И да умеам да зборувам на сите можни јазици, човечки и ангелски, а немам љубов, јас би бил како гонг што одѕвонува, како цимбал што ѕвечи.
Explore 1 Коринтјаните 13:1
7
1 Коринтјаните 13:2
И да имам дарба да пророкувам, да ги знам сите тајни, да го имам собрано целото знаење, да имам вера што може планини да преместува, а немам љубов - не вредам ништо!
Explore 1 Коринтјаните 13:2
8
1 Коринтјаните 13:3
И да раздадам на сиромаси се што имам, па и сопственото тело да си го жртвувам, а немам љубов - ништо не сум постигнал!
Explore 1 Коринтјаните 13:3
9
1 Коринтјаните 13:11
Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете и расудував како дете. Кога станав зрел човек, престанав да се однесувам како дете.
Explore 1 Коринтјаните 13:11
Home
Bible
Plans
Videos