Даниел го прифати словото и рече:
„Божјото име да биде благословено одвека довека, Негова е мудроста и силата. Тој ги менува добата и времињата, ги руши и ги поставува царевите, им дава мудрост на мудрите, а знаење на проницливите. Тој ги открива длабочините и тајните, знае што е во темнините и светлината живее во Него.