Тогаш Давид им рече на Ависај и на сите свои слуги: „Ете, мојот син кој излезе од моето тело, ја бара душата моја, а камоли не овој Венијаминец! Оставете го нека колне, зашто Господ му заповедал. Можеби Господ ќе погледне на мојата неволја та ќе ми врати добро за неговото денешно колнење.“