„Бидете тврди и храбри, не страхувајте и не плашете се од асирскиот цар и од сето множество, кое е со него, зашто со нас има повеќе, отколку со него; со него е рака човечка а со нас е Господ, Бог наш, за да ни помага и да се бори во битките наши.“ И народот се охрабри од зборовите на Езекија, царот јудејски.