Ако се појави меѓу вас пророк, или човек што има сновиденија, и ти покаже знамение или чудо, и ако се оствари тоа знамение или чудо, за кое тој ти говорел, па потоа ти рече: „Да одиме да служиме на други богови, кои ти не ги познаваш,“ ти не го слушај гласот на таков пророк, или на таков човек што има сновиденија; бидејќи преку тоа Господ, вашиот Бог, ве искушува, за да дознае, дали Го сакате Господа, вашиот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.